– Врз основа на овластувањата што ми се доделени според Уставот на САД, му давам на државниот секретар овластување да насочи финансирање до 60 милиони американски долари за одбранбени производи и услуги од Министерството за одбрана, како и воено образование и обука, како помош за Украина, се вели во документот.

Во јуни, пред да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, Бајден го замрзна планот за воена помош за Украина подготвен пролетта во случај на воена агресија на Москва против Киев.

Одлуката за дополнителна помош на Украина американскиот претседател ја носи во пресрет на состанокот закажан за 31 август во Вашингтон со украинскиот претседател Владимир Зеленски.