Бајден ќе нареди повлекување на воените единици до годишнината од најдолгата војна во која Америка учествувала.

Во Авганистан моментално има околу 2.500 американски војници, а во август 2010 година биле над 100.000.

Бајден ќе го објави датумот на повлекување во среда, рече висок службеник на администрацијата во вторникот.

Истото лице на конференциски повик пред новинарите соопшти дека повлекувањето ќе започне пред крајот на овој месец и може да заврши пред 20-годишнината од нападите на 11 септември.

Официјалниот претставник рече дека бројот на војници ќе биде сведен на нула и дека повлекувањето нема да зависи од условите на теренот.

– Ова не се заснова на условите, рече официјалното лице. „Претседателот оцени дека пристапот базиран на услови, каков што беше во изминатите две децении, е рецепт за останување во Авганистан засекогаш“.