– Сфатив дека сега треба да ја повлечам сопирачката“, рече политичарот од Зелените, додавајќи дека на државата во оваа фаза и треба апсолутно способен министер за здравство.

Аншобер е одговорен за здравството, кое стана клучно министерство во пандемијата, од почетокот на владата на конзервативната Австриска народна партија (ОеВП) и Зелените во јануари 2020 година. Тој бил 14 месеци на оваа функција.

Во летото 2020 година, неговото смирено и стабилно однесување го правело на моменти толку популарен што го симнал канцеларот Себастијан Курц од првото место во анкетите за федералните политичари.

– Една од моите силни страни е што навистина станувам многу смирен во кризни ситуации, изјавил тогаш Аншобер.

Сепак, тој исто така бил одговорен за голем број технички грешки во поплавата на регулативи издадени од неговата канцеларија за време на пандемијата.

Неодамна е обвинет и за проблеми на почетокот на кампањата за вакцинација и комуникациските проблеми.

Висок службеник во неговиот оддел, наводно, не го информирал за можноста за понатамошни нарачки за дозите на вакцини. Ова довело до отворен конфликт со Курц.

Заминувањето на Аншхобер значи дека Курц мора да замени член на владата по втор пат.

Во јануари, министерката за семејство и труд, Кристин Ашбахер поднесе оставка по обвинувањата за плагијат на нејзината дисертација.