Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон ги обвини американскиот претседател Џозеф Бајден и НАТО, за стратешки грешки пред почетокот на руската воена интервенција во Украина.
Со месеци САД и НАТО, на чело со претседателот Џозеф Бајден, повторуваат дека нема да има интервенција на западните трупи во Украина. Тоа беше голема грешка – изјави Болтон за германската мрежа RND.
Според него, на противникот како што е рускиот претседател Владимир Путин никогаш не треба да му се дозволи да ги „види вашите карти“, пишува „Билд“.
-Ќе беше подобро Бајден да не кажеше ништо за можното испраќање на западни трупи во последните месеци, како за безбедноста на Украина, така и за мирот во светот – рече Болтон, додавајќи дека сега се води најголемата борба во Европа од 1945 година.