Американскиот претседател Џо Бајден на новинарско прашање за тврдењата на најбогатиот човек на светот Илон Маск дека има лошо чувство во економијата, му посака на Маск среќен пат на Месечината и на тој начин харизматично ја отфрли неговата загриженост.

Бајден на тврдењата на Маск дека ќе мора да отпушти 10 отсто од вработените во „Тесла“, рече дека „Форд“ врши големи вложувања и дека ќе вработи 6.000 нови работници на американскиот среден запад.

„Па, да ви кажам, додека Елон Маск зборува за тоа, „Форд“ надмоќно ги зголемува вложувањата. „Форд“ ги зголемува инвестициите и изработува нови електрични возила, 6.000 нови вработувања, може да додадам синдикални вработени, на средниот запад. Поранешнатa “Chrysler Corporation“ … Исто така, влеожуваат слично во електрични возила. „Интел“ додава 20.000 нови работни места во производство на компјутерски чипови“, рече Бајден пред новинарите.

 

Потоа, американскиот претседател додаде: „Па, среќен му пат до Месечината“.

Маск, претходно најави дека можно е да отпушти 10 отсто од работниците на „Тесла“, неколку дена пред на сите работници да им нареди да ја прекинат работата од дома и да се вратат на своето работно место. По овие зборови акциите на „Тесла“ доживеаја пад од осум отсто.

Покрај „лошото претчувство на Маск“ за економијата, најбогатиот човек на светот минатата недела напиша дека рецесијата била „добра работа“, затоа што „предолго плеска пари на будали“.

Корисниците на Твитер коментираа дека лично Маск само во Тексас е ослободен од плаќање 64 милиони долари данок, а дека „Тесла“ доби 5 милијарди долари државен стимул.

Во меѓувреме, само во мај во САД се отворени 390.000 работни места, а стапката на невработеност остана на 3,6 отсто.