Соединетите Американски Држави ја следат ситуацијата во Израел, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден додека одржуваше нови рунди разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и се подготвуваше за средба со лидерите на еврејската заедница во Белата куќа.
Нема оправдување за тероризмот. Нема оправдување, рекол Бајден и потврдил дека повторно разговарал со Нетанјаху, пренесува Ројтерс.
Во вторникот, Бајден вети дека ќе го поддржи Израел и го нарече нападот на Хамас „чин на чисто зло“.
Американската воена помош веќе се испраќа до Израел, а Бајден потврди дека ќе побара од Конгресот да преземе итни мерки.