Како дел од неговата европска турнеја, Бајден вчера присуствуваше на самитот на лидерите на НАТО, а денес присуствува на самитот на лидерите на САД и Европската унија (ЕУ).

Бајден во зградата на Европскиот совет во Брисел беше пречекан од претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Во кратката изјава пред почетокот на самитот, американскиот претседател рече дека е среќен поради големите можности што произлегуваат од соработката со Европската унија и НАТО.

– Америка се врати, рече Бајден, додавајќи дека САД никогаш не се одвоиле целосно и дека имаат одлични односи со ЕУ и НАТО.

Бајден исто така истакна дека има многу различни ставови од неговиот претходник, поранешниот американски претседател Трамп.

Претседателот на Европскиот совет Мишел исто така изрази задоволство од посетата на Бајден на Брисел.

– Се вративте во Брисел и САД се вратија на глобалната сцена. Тоа е одлична вест за нашиот сојуз и за светот. Наше задоволство е да соработуваме со вас на глобалните предизвици – рече Мишел.

Фон дер Лајен рече дека односите меѓу ЕУ и САД се тешки во последните четири години.

-Светот и Европа се сменија. Со нетрпение очекуваме соработка со Соединетите држави – рече Фон дер Лајен.