-Треба да се свртиме кон нас и да се запрашаме зошто е тоа така. Сепак тоа е затоа што товарот паѓа на нас како службени лица и како функционери со јавни овластувања, вели членот на Антикорупциската комисија, Нури Бајрами за корупцијата и дигитализацијата на администрацијата.
Според него, во врска со дигитализацијата, најбитно е да се направи проценка на ризици.
-Тоа е појдовна точка при секоја состојба. Дали имаме доволно човечки ресурси, дали се обучени, бидејќи тоа што ни се случува, во цел транзициски процес, проблемот е клучен кај човечкиот фактор и управувањето со човечки ресурси. Скептичен сум во дигитализацијата на администрацијата, изјави Бајрами за емисијата „24 анализа“.