По реакциите на јавноста, спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“ објави дека базенот во Карпош не работи поради дефект, а не поради скапите сметки за електрична енергија, односно за загревање.

„Почитувани корисници, Ве известуваме дека поради сериозен дефект на системите за греење А1 БАЗЕНОТ нема да биде отворен за користење од 20.01.2022 година. По отстранување на дефектот ќе бидете информирани за повторно отварање на објектот. Ви благодариме на разбирањето!“, пишува во соопштението на СРЦ „Борис Трајковски“ без да биде одреден датум кога повторно ќе биде во функција базенот.

Неофицијално, информациите велат дека пукнал чилерот кој ја грее водата, а делот треба да се нарача од странство. Станува збор за сериозен дефект на системот за греење, а можеби причина за тоа се честите прекини во снабдувањето со електрична енергија.