Во моментов од туберкулоза во болниците кај нас се лекуваат 11 пациенти. Пред три недели во Куманово од оваа болест починало деветмесечно бебе, објави Алсат.

Вкупниот број на заболени од оваа болест се движи од 144 до 146 годишно. С Македонија во последниве 15 години бележи континуирано намалување на бројот на заболени, додека по 2019 година државата е дел од групата земји со мала инциденца на болни. Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза вели дека овој број не може да се смета за реален, бидејќи пандемијата на корона вирусот го зголемила јазот меѓу реалниот број и регистрираните случаи затоа што системот се фокусирал на борба против Ковид.

„Од 2019 година ние сме дел од групата земји со ниска инциденца кои имаат помалку од 10 случаи на 100.000 жители. Постигнувањата со цел елиминирање на оваа болест во светските и државните рамки кај нас се во значителна мерка загрозени од пандемијата на корона вирусот, поради фокусот на здравствениот систем и населението кое имаше забранети заштитни мерки… Ако сме регистрирале ниска бројка, гледаме критички на тоа и велиме – не, ова не може да биде ниска бројка, вистинската е поголема“, рече Сеад Зејнел, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Претставничката на Светската здравствена организација во С Македонија, потсети дека туберкулозата е една од најсмртоносните болести на глобално ниво. Над 1,5 милиони луѓе годишно умираат како последица од неа.

„И покрај фактот дека оваа болест може да се спречи и да се излечи, на глобално ниво секоја година 1,5 милиони луѓе го губат животот од туберкулоза. Поради тоа, туберкулозата е еден од најголемите убијци меѓу заразните болести кои веројатно може да ве убијат, што можеби звучи како изненадување… Туберкулозата предизвикува физичка, но и психичка болка, бидејќи оваа болест носи многу стигма во општеството“, изјави Ен Јохансен, претставник на СЗО.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, во 2021 година во светот се регистрирани 10,6 милиони нови случаи на туберкулоза, што е еднакво на 134 случаи на 100 илјади жители.