Во објава на социјалните мрежи докторот Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија вели дека на Кардиохирургија прво требаше да биде разрешен организацискиот директор, а дури потоа докторот Сашко Јовев.
– Организационите директори на Клиниките беа “измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот Премиер Никола Груевски, за наводно да ги водат сите технички работи по Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на стручните директори, а во пракса се сведе на вдомување на репрезентативните партиски лепачи на плакати, вели Беќаровски.
Повикува Клиничкиот центар да биде интегриран со двајца директори кои ќе ги поставува Владата, додека 32-те единици сами да ги избираат стручните раководители од професорскиот кадар кој го имаат.