На прес конференција во Битола, министерот Бектеши посочи дека одлуките не важат за денешните цени, туку важат за цените на производите кои биле формирани од трговците од 1 декември.

-Цените од 1 декември ќе важат до 31 јануари 2022 година. Цените не може да се зголемат туку само да се намалат и затоа ние правиме напори да го зголемиме производството на електрична енергија, да нема ценовни шокови со електричната енергија и трошоците на претпријатијата да бидат помали нагласи Бектеши за време на посетата на РЕК Битола и додаде дека со владините одлуки се штити стандардот на граѓаните.