На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.М.(18) од Скопје, поради учество во тепачка пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.

-Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информира МВР.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.