Бектеши истакна дека на крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави.
Тој вели дека доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.
Инаку, министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека знаците за стивнување на овој бран, им дале право за дополнително олеснување на рестрикциите.
Сепак, тој вели дека може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари но не и свадби.