На пункот за вакцинација на саемот во Белград, Весиќ најави дека ќе побара попуштање на мерките, односно продолжување на работното време на угостителските објекти и организирање на настани во Белград.

Во моментов имаме околу 696.000 вакцинирани граѓани во главниот град, па веројатно ќе преминеме 700.000 вакцинирани денес, најдоцна до утре. Бројот на ревакцинирани е околу 591.000, така што утре сигурно ќе достигнеме до шестотини илјади ревакцинирани граѓани, рече Весиќ за ТВ Прва.

Заменик-градоначалникот посочи дека сè повеќе млади лица се вакцинираат.