Полицијата приведе лице од Беровско поради предизвикување пожар во атомобил.

„Денеска (05.01.2023), полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Д.Г.(36) од с.Митрашинци, беровско. Тој се сомничи дека на 04.01.2023 околу 22.00 часот во с.Митрашинци предизвикал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Т.Н. од с.Калиманци, виничко“, соопшти полицијата.

Беровецот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.