Пронајден е триесет и петгодишниот кумановец по кого трагаше полицијата и семејството, информираа денеска од СВР Куманово.

Тој бил пронајден во кумановското село Орашац. Беше пријавен за исчезнат на 25 декември.

– Полициските службеници од СВР Куманово го пронашле С.С.(35) за кого на 25.12.2022 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Тој бил во добра здравствена состојба, соопшти кумановската полиција.