Бесплатно тестирање со брзи тестови досега беше достапно само за најранливите групи во пандемијата од коронавирусот.
Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека тестирањето е многу потребно за да не се загрози досегашниот успех на британската кампања на вакцинација и постепеното попуштање на мерките.
– Откако ќе продолжиме со добар нпредок во нашата програма за вакцинација и со нашиот план за внимателно попуштање на мерките кои се во тек, редовното и брзо тестирање е уште поважно за да бидеме сигурни дека тие напори нема да бидат залудни. Затоа сега нудиме бесплатни брзи тестови за сите во Англија, рече Џонсон.
Тестот ќе може да се нарача на домашна адреса.
Фирмите со повеќе од 10 вработени може да побараат брзи тествои за своите работници, а редовното тестирање ќе продолжи и во училиштата. Поединци ќе може да се тестираат во локалните центри за тестирање или да нарачаат тест на домашна адреса.
Британија досега вакцинираше повеќе од половина од возрасните граѓани со „АстраЗенека“ и со „Фајзер“, а отворањето на училиштата не доведе до пораст на заразата покрај зголеменото тестирање.
Џонсон во понеделник треба да претстави план за придвижување на економијата и нови правила за влез во земјата.
Додека повеќето од Европа повторно се затвора поради пораст на заразата од корона вирус, британскиот премиер треба да изнесе новини за планот на попуштање на мерките од идниот месец.
Обедиентото кралство е тешко погодено од пандемијата и со речиси 127.000 жртви од Ковид-19 има петти најголем број мртви во светот зад САД, Бразил, Русија и Индија.