-Задоволство ми е да ве известам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и тестирање на ПЦР, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, напиша Спајиќ на својот профил на Твитер, на руски јазик.
Тој рече дека Црна Гора останува безбедна и сигурна дестинација и оваа година.
-Сакам да ги поздравам сите што ќе одлучат да ја посетат Црна Гора, додаде Спајиќ.