Постојните мерки и полицискиот час се на сила до 15 јуни.
Се очекува работното време на угостителските објекти да биде продолжено до полноќ, а и да се дозволат прослави во кафулиња и ресторани. Исто така, ќе се разгледува опцијата за укинување на полицискиот час.
Предлозите на Комисијата за заразни болести ќе бидат потврдени на владина седница во вторник.