Без водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе бидат жителите од улицата „Балзакова”, „Дренак”, „Драга Стојанова”, „Виктор Иго” и „Невена Георгиева Дуња”.

Причина за прекинот е изведување водоводен приклучок на улицата „Балзакова 30″ за фирмата „Еуро билдинг”. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на активностите.