Поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата ул.„Виктор Иго“/ ул.„Балзакова“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Виктор Иго“, „Балзакова“, „Дренак“, „Невена Георгиева Дуња“ и „Драга Стојановска“.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.