Неговото тврдење се заснова врз фактот дека стадионот, кој е на државен имот, е доделен на трајно користење на Општината во 2015 година, па согласно законот надлежност да дава корисничко право има само Владата, поради што локалната власт не смее да го менува, ниту да го руши, пренесува Телма.

Сотировски потенцира дека недостасува и потребна документација, поради што поднел преставки до Уставниот суд, како и до Државното правобранителство, кое ги потврдило неговите наводи.

Сотировски вели дека кога граѓаните би биле гласни, правниците упорни, а институциите внимателни и ажурни не би се уништувал неповратно државниот имот.

Телма побара став од Општина Тетово преку маил за изнесените наводи, но до затворањето на прилогот не добивме одговор.

Инаку, на 12-ти минатиот месец Општината организираше настан на стадионот на кој на видео презентација беше прикажано како ќе изгледа по реконстукцијата. Се одигра ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик, а градоначалникот лично со багер го започна рушењето на дел од трибините.