Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ, вечерва во „Топ тема“ на „Телма“ зборуваше за случајот со тунелот за бегство кој го ископале затвореници во затворот „Идризово“, објави Слободен печат.
Негова проценка е дека приближно 12 трактори би биле потребни за да се изнесе таа земја од затворот. Не е јасно каде завршувала земјата, но Стојановиќ се сомнева дека постепено е фрлана во кеси во депонијата во близина, а потоа со ѓубретарка изнесувана надвор од затворот.
-Минимум 12 трактори би биле потребни. Претпоставувам не е направено во еден месец, туку процесот траел подолг период. Таму нема покриеност на затворската полиција, нема затворски полицаец да ги надгледува осудениците. Факт е дека затворот има слаба екипираност, тоа е слабоста – рече Стојановиќ во Топ Тема на Телма.
Тој исто така се согласува дека условите во затворот не се добри, а како причина за тоа, ја наведе пренатрупаноста.
Стојановиќ потврди дека на 1.100 осуденици во Идризово има само еден лекар и еден психијатар кој доаѓа еднаш неделно