Биљал Касами ја презеде функцијата градоначалник на Тетово. Во следните 4 години ќе води општина која е емеѓу најзадолжените во државата , а има куп големи проблеми со недостатокот на вода, смет, урбанистички и сообраќаен хаос. Сето ова, вели Касами, е огромен предизвик. Вели дека прво ќе почнел со комплетна ревизија за долгот, што и како се работело ,но и најважно-како се трошеле парите.
-Сите кои никогаш не се појавиле на работните места,а земале плати и паушали на сметка на граѓаните ги повикувам сами да се повлечат од своите работни места. Сите на кои им е направена неправда ,ќе ја имаат мојата поддршка,а сите кои направиле неправда ќе бидат соочени со мене, рече Биљал Касами- Градоначалник на Тетово.
Досегашната градоначалничка Теута Арифи не сакаше многу да зборува-во каква состојба ја предава локалната власт, кои и се сега планови во политиката. Само се заблагодари и посака успех на новиот градоначалник.
-Нема да си дозволам политички дебати. Граѓаните одлучиле и им посакувам среќа, нивниот избор да биде успешен за сите граѓани и за самиот град, изјави Теута Арифи- поранешен градоначлник на Тетово.
ДУИ на овие локални избори доби 10 градоначалници ,но го изгуби бастионот Тетово, каде на власт беа цели осум години. Не успеаја да го добијат ниту Гостивар, каде Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, доби поддршка за втор мандат.