Големите пекарски компании по закон треба да се снабдуваат со електрична енергија од слободниот пазар каде цените не се многу високи, појаснува тој.
Бислимоски и денеска апелираше производителите и трговците да се воздржат од шпекулации.
Јас сум за лебот, ти си за струјата – вака му возврати Ѓорѓиевски на Бислимовски, одговарајќи му дека не е компетентен да ја објаснува пресметката за цената на лебот. Бидејќи освен од електричната енергија, зависи и од понудата и побарувачка.
Идниот премиер Мицковски порача дека доколку побарувањето на ЕСМ донесе поскапи сметки за граѓаните, ќе ја врати цената со тенденција и на намалување. Но, откако ќе почне новиот период на регулирање, а тоа е од 1-ви јануари.
Мицковски очекува дека во новата цена на струјата ќе влијае и профитната маржа на универзалниот снабдувач која сега е 9,9 насто, а претходно беше 11 насто, што во крајната формула нема да донесе повисока сметка.