Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА открива дека веќе на првата седница на новата влада треба да биде одобрена рамката по што се очекува таа да биде обзнанета во втората половина на јануари и да започне инклузивниот процес со сите засегнати страни, без исклучок.

– Вистински работевме девет месеци со УНДП и Амбасадата на Велика Британија на дефинирање на методологијата. Сега имаме јасна методологија. Сметам дека за еден ваков голем процес во кој треба да се дефинира 20-годишна стратегија, прво треба процесот да е инклузивен и да ги вклучува сите засегнати страни во општеството, без исклучок, затоа што само со активно учество на сите засегнати страни е сигурно дека спроведувањето ќе биде обезбедено. За жал ни се случија изборите и бидејќи не сакаме да го нарушиме инклузивниот процес, веќе на првата седница на новата влада ќе биде одобрена рамката за процесот на националната развојна стратегија. Моето очекување е дека во втората половина на јануари ќе ја обзнаниме целата рамка и веќе во 2022 година ќе работиме заедно со сите засегнати страни, без исклучок за конечно да кажеме во каква татковина сакаме да работиме и да живееме, вели Битиќи.

Во првата фаза беше изготвена методологијата која е инспирирана од современи и иновативни модели на развој, но адаптирани на домашниот контекст. Националната развојна стратегија се очекува дека ќе го отслика меѓугенерацискиот, родовиот, меѓуетничкиот и меѓупартискиот консензус за приоритетите на државата