Утрово околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во битолската полиција дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, лоциран на ул. „Рузвелтова“. Потоа, лицето веднаш случајот го пријало и во Територијалната против пожарна единица-Битола.

Како што информираат денеска од МВР, огнот е локализиран од страна на ТППЕ Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.