Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ утрово од полициска беше пренесен во притворска единица на казнено поправната установа Ниш, откако му беше одредена мерка притвор до 48 часа поради тепачката која се случи рано утринава во нишкиот хотел „Амбасадор“, каде тој го нападнаарежисерот Предраг Гага Антонијевиќ и неколку пати го удри во главата.

Како што пренесуваат српските медиуми, во вторник, 24 август, Бјелогрлиќ ќе биде донесен на распит во Основното јавно обвинителство, поради сомнение дека сторил кривично дело насилно однесување.

Кога ја напушташе полициската станица, Бјелогрлиќ се смееше, ги држеше дланките во џебовите, а на новинарските прашања: „Како си?“, со насмевка одговори:

Добро е.