Водостоите кај дел од реките во земјава се над просекот за јануари, но бележат благо намалување во споредба со вчера.
За разлика од нив, резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека нивоата на трите природни езера во земјава се исти како вчера.
Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,96 метри повисок од просечниот, а повисоко од просечното и тоа за два сантиметра е и нивото на Охридското Езеро. Водостојот, пак, на Преспанското Езеро е понизок од повеќегодишниот просек за овој период од годината и тоа за 1,52 метра и е на апсолутниот минимум од 842,25 (мнм).