Благоја Грујовски, македонски музичар, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни беше денешен гостин во емисијата на Сител Телевизија – „Магазин“ даде кратка исповед за неговото битка со корона вирусот:

– Не беше онака како што јас замислував дека е ,односно една обична настинка или грип…ама само така започна се. Покасно ја видов короната од понеубавата страна .Многу луѓе поминаа полесно и си помислив дека и јас ќе бидам помеѓу тие, но не беше така. За среќа ја имав поддршката од блиските и од стручните лица да не паднам психички во тие критични моменти.Дишев на шкрги,како риба на суво и секој здив беше напорен . Дури сега и по два ипол месеци чуствувам постковидни симптоми кои се јавуваат привремено.