Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека студентските протести во САД поради ситуацијата на Блискиот Исток се дел од „демократијата“.
„Белег на нашата демократија е тоа што нашите граѓани во секое време го изразуваат своето мислење, загриженост, гнев“, изјави Блинкен за новинарите за време на посетата на Кина.
Студентските протести во САД почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Некои од престижните универзитети, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.