„Борба за етнички права не оди со трговија со струја, со купување на имот во центар во Скопје, со разно разни автомобили позајмени. Борба за етнички права не оди со тепање на полицајци, па потоа да се тераат да се изјаснуваат дека се ударале во пајак итн. ДУИ метастазираше во сите овие 20 години дотаму што во моментов најдискриминирана група во Македонија се Албанците кои што не се во ДУИ“, истакна Ивица Боцевски при гостување во „Само вистина“.

Боцевски додаде дека се воочува некоја нервоза во ДУИ околу корупцијата која што има заземено навистина страотни размери. Сето тоа што беше објавено, околу купувањето на „Соравиа“, фотоволтаици, не се работи кои што можат да се објаснат рационално.

„ДУИ малку забега и политички во однос на многу ставови со 11 пратеници во Собрание, а се однесуваат како да имаат 111 пратеници од 120. Потоа се гледа и едно драматично ширење економско на луѓето кои што се поврзани со ДУИ“, појасни Боцевски.

Тој укажа дека во ДУИ сега се наоѓаат на врвот на ароганцијата.