Честит Први мај – Среќен празник на сите работници, а НЕ само на левичарите!

Пишува: Никола Николовски

Не постои подобра работа од тоа нечиј труд да се цени, соодветно да се вреднува и за истото да се биде финансиски соодветно надоместен. Принципите на трудољубивост, чесност и правичност се работи кои треба да ги почитуваме и применуваме сите ние.

Овој ден треба да се празнува и за истиот треба да се зборува. Но, да бидеме концизни. Овој ден е на работниците, а НЕ на левичарите.

Одбележувањето на денешниот празник за работниците во целиот свет е од големо значење бидејќи овој ден е потсетник за борбата на работничката класа пред да ги добијат своите права. А како ги добија своите права и колку за тоа е заслужна десницата, а колку левицата дополнително треба да се зборува.

Првиот протест за осумчасовно работно време одржан е во Австралија во 1856 година. Во 1886 на 1 Мај со прекин на работниот процес протест одржаа и американските работници. Од 1890 година 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот ширум светот се одбележува со одржување на штрајкови со барања за поголеми работнички права.

Денес наместо работничките и левите партии да ги охрабруваат работниците да се изборат за своите права, тие промовираат институционален компромис со државата, што понатаму доведува до непродуктивност, инфлација и многу други непогодности.

Работникот може да живее во подобро општество доколку има ЕДНАКВА МОЖНОСТ, а не еднаква заработка. Секој работник, а и работодавец подобро би живеел доколку цените се формирани врз база на пазарните принципи односно врз основа на понудата и побарувачката. Ниските даноци и индивидуални слободни и права се единствените работи кои ќе направат подобро општество за нас.

Индивидуализмот и политиките кои го поддржуваат слободниот пазар се единствените решенија кои му помагаат на работникот. Силна индивидуа ќе се избори за своите права секогаш, а слаб поединец кој не се пронаоѓа надвор од колективот (тука спаѓаат синдикатите), цел живот ќе игра по туѓи правила. Во секој случај, сè уште треба да се работи за правата на работниците и да се зборува за одредени прашања.

Среќен празник на сите работници, а НЕ само на левичарите.

Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)