Американската компанија Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари за поддршка на антибалистичката ракетна програма на Агенцијата за заштита од проектили при американското Министерство за одбрана.

Со договорот се предвидува Боинг да ги спроведе инженерската и физичката и логистичката интеграција на компонентите ГМД (Ground-based Midcourse Defense) при Агенцијата за заштита од проектили во системот за противракетна одбрана на земјата, пишуваат американски медиуми.

По добивањето на договорот, Боинг соопшти дека програмата на компанијата се заснова на децениско искуство кога станува збор за интеграции на системи за оружје.

Меѓу другото, компанијата ќе спроведува и рутинско одржување, анализа и проверки на дефекти.

Голем дел од работите ќе бидат извршувани во погонот на Боинг во Хунтсвил во сојузната држава Алабама.