Летниот распуст во Општина Аеродром се користи за обновување на тамошните училишта. ООУ „Браќа Миладиновци“, ООУ „Љубен Лапе“ и ООУ „Лазо Ангеловски“ се само дел од училиштата чии ученици од септември ќе ги затекнат просториите во нови и подобрени услови.
Како што информираат од Општина Аеродром ова лето интензивно се работи во интерес на учениците во училиштата низ Општината. Освен редовното бојадисување и темелно чистење, во овие училишта се вршат и поголеми зафати за проширување на капацитетот.
ООУ „Браќа Миладиновци“
Во ООУ „Браќа Миладиновци“ од септември ќе има две нови училници. Простории кои низ годините не биле функционални, сега се опремуваат со нови енергетски ефикасни прозорци и врати, со нови подови, смарт-табли, како и нови клупи за учениците. Учениците во ова училште ќе имаат и нови тоалети.
ООУ „Љубен Лапе“
И во ООУ „Љубен Лапе“ е најавено проширување на капацитетите, односно учениците таму ќе добијат две училници. Во училиштето се врши санација на санитарните јазли, се преградува една поголема просторија, се реконструираат старите и дотраени прозорци и врати. Освен ова, ќе се реновира и кујната во училиштето.
ООУ „Лазо Ангеловски“
Дејан Митески којшто е в.д. градоначалник на Општината го посети и ООУ „Лазо Ангеловски“. Таму освен тековните активности, веќе се реконструирааат тоалетите.
СЦ „Марко Божиновски“
Меѓудругото и спортскиот центар „Марко Божиновски“ ќе добие нов лик. Популарната „Дупка“ која сега го носи името на ракометарот Марко Божиновски наскоро ќе добие нова модерна фитнес-сала која ќе можат да биде наменета за учениците, но и сите жители на скопската општина Аеродром.
Во продолжение може да ја погледнете објавата од Дејан Митески.