Пред неколку дена во болница во Пула почина двегодишно девојче. Како што потврдија од истарската полиција, таа била донесена во болницата во Пула во ноќните часови на 18 февруари поради влошување на здравствената состојба и починала по реанимација.
Родителите ден претходно биле со детето на преглед во болница, но девојчето било пуштено дома.
Во текот на ноќта повторно се вратиле во болница, по што детето починало.
На телото на починатото дете е извршена обдукција, а точната причина за смртта ќе се знае по добивањето на наодите од токсиколошкиот преглед и хистолошката анализа “, соопштија претходно од полицијата.