Kолумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот „Фокус“.

Неделава која што помина беше динамична како ретко кога во август. Вадењето на чисто на СДСМ и ДУИ дека немаат и нема да имаат никогаш 2/3 мнозинство за промена на Уставот под бугарски диктат е веста на само на неделата или на месецот туку на самостојноста на Македонија. Покажа ВМРО-ДПМНЕ дека може да се опстои на своите програмски и идеолошки определби и да се зачува дадениот збор.

Тука сакам да ја прокоментирам интензивната дебата која се води дали изјавата на претседателот на Франција које практично против скоро проширување на ЕУ или изјавата на претседателот на ЕУ Мишел кој е по оптимистичка е повеќе важна за Македонија. Повторно се промашува суштината а тоа е дека не и треба на Македонија милостина туку заслужено членство. Ако внимателно се читаат двата говори ќе се види една заедничка линија а тоа се стандарди кои за жал Македонија пред се во делот на владеење на правото не ги исполнува. Високо корумпирана држава никогаш нема да стане членка на ЕУ. За високо корумпирана држава никој нема со прст да помрдне и да и каже на Бугарија – доста е! Напротив! Затоа битка број еден на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде силна битка со организиран криминал и корупција!

Имајќи го се ова во предвид очаен е обидот на власта да ги менува тезите во јавност. Па дури и да сече и монтира изјави да ги става во погрешен контекст за да претстави погрешна слика во јавност. Јас сум само последна жртва на таа политика.

Она што го кажав во неодамнешното интервју се оквирно следните тези – Власта преку лош и скапо платен ПР сака да ја претстави ВМРО-ДПМНЕ како антиевропска, но вистината е дека оваа влада не гледаме ниедно европско однесување.

Владата има неколку скапо платени по мене лоши ПР експерти, но на крај тие си ги бираат, немам намера да бидам експерт за односи со јавност на Владата, коишто стигнале до втората лекција на односи со јавност, а тоа е обојување на наративот или приказната на црно-бело. Едните се добри другите се лоши, едните се ЗА другите се ПРОТИВ, едните се напредни другите се назадни, а сега во помодерно време едните се прозападни другите се проруски, едните демек за Европска Унија, другите наводно против, но тоа не функционира затоа што многу се измени пристапот кон јавноста особено последниве години и особено со експанзијата на интернетот, така што има и многу други лекции до коишто не стигнале овие експерти коишто ги плаќаат но тоа си е проблем на Владата. Проблем на државата е што тој наратив се форсира во јавноста, па сега владата била за ЕУ, а ние сме биле против ЕУ, тие биле напредни, а ние сме биле назадни, тие прозападни, ние антизападни, а во суштина сите знаат дека не е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за ЕУ од Владата затоа што не гледам ниедно европско однесување оваа влада, особено во делот на криминал и корупција нема ден да нема афера, нема ден да нема проблем. Ситуацијата сега е исклучително комплицирана и исклучително тешка. Македонија мора да ги брани сопствените национални интереси. По мене битката треба да оди во два паралелни пилари. Едниот треба да е силна битка со организиран криминал и корупција затоа што членство во ЕУ значи две работи, економски просперитет и битка со организиран криминал и корупција, односно силна правна джава. Ако за економски просперитет помага многу и ЕУ со фондовите итн., воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото е домашна работа на секоја држава. Тоа мора да го направиме за да не ценат таму повеќе.

Ова е суштината на интервјуто кое беше сечено и монтирано од власта со цел да добие целосно спротив призвук. Се надевам на сите им стана јасно за каква манипулација се работи. До следниот блесок на Џабир имајте убава недела.