Британскиот премиер Борис Џонсон и официјално поднесе оставка на таа функција.
Околу 60 министри и членови на владата на Џонсон поднесоа оставки од вторникот до денеска. Меѓу нив се и клучните министри Риши Сунак и Саџид Џавид.
Тие истакнале дека се незадоволни од водството на Џонсон, како и дека сметаат дека тој треба да поднесе оставка поради бројните афери.
Се уште актуелниот премиер на почетокот ја отфрлал таа опција, истакнувајќи дека негова работа е да ја води земјата низ тешки моменти.
Меѓутоа, бидејќи се поголем број припадници на неговата партија барале оставка, Џонсон прифатил да се повлече. Неговиот единствен услов е да остане на функцијата премиер до есен.
Сакам да знаете колку сум тажен што се откажувам од најдоброто работно место во светот – рече премиерот.
Но тоа е тоа, рече тој, пренесе Би-би-си.
Џонсон досега неколку пати бил на работ на политичкиот амбис поради различни афери – “партигејт”, односно кршењето на корона мерките и присуството на забави во неговиот кабинет во Даунинг стрит во време кога во земјата на сила бил строг локдаун, потоа спорните трошоци за реновирање на резиденцијата, но и аферите поврзани со неговиот приватен живот.
На позицијата премиер е од 2019-та година, кога ја преземал таа функција од Тереза Меј.