Министерот за одбрана Бен Волас е фаворит кога станува збор за замена на британскиот премиер Борис Џонсон.

Според нова анкета на ЈуГов (YouGov), каде беа анкетирани над 700 членови на Конзервативната партија, Волас се најде на првото место со 13 отсто поддршка. Веднаш зад него е министерката за трговска политика Пени Мордаунт со 12 проценти поддршка, јави Би-би-си.

Дванаесет отсто од испитаниците гласале за „ниту еден од наведените“.

– Моментално многу е тесна трката меѓу првото и второто место, изјави за медиумот, Патрик Инглиш, придружниот директор на политичкиот и социјалниот истражувачки тим на ЈуГов.