Македонските граѓани со потресни статуси на социјалните мрежи синоќа се простуваа од реномираниот оперски пејач Борис Трајанов, откако на социјалните мрежи и портали се ширеше лажна вест дека тој починал од последици на Ковид-19 во една од приватните клиники во Скопје.
На лажната вест реагираше и Весна Илкова, која е водечки оперски драмски сопран во Македонија, доцна вечерва таа ги демантираше информациите.
– Ве замолувам сите кои пишувате текстови дека колегата Борис Трајанов не е меѓу нас да се воздржите од коментари. Последна информација вечерва е дека полека закрепнува, напиша таа на својот фејсбук профил.
Ve zamoluvam site koi pisuvate tekstovi deka kolegata Boris Trajanov ne e megu nas,Ve zamoluvam vozdrzete se od komentari.Posledna informacija vecerva e deka poleka zakrepnuva.
Posted by Vesna Ilkova on Saturday, March 27, 2021
Инаку, реномираниот оперски пејач Борис Трајанов веќе неколку денови води тешка борба со корона вирусот во една од приватните клиник.