САД и честита на Македонија за пристигнувањето на 24,000 дози од вакцината за КОВИД-19 од Астра Зенека.

Оваа пратка, прва од неколкуте во наредните недели, e овозможена од Владата на Македонија која ја покажува посветеноста за здравјето на своите граѓани преку искористување на COVAX системот за рамномерна распределба на вакцините за КОВИД-19.

Задоволна сум дека овие вакцини, овие дози на надеж, финансирани од вашата влада, пристигнаа преку ковакс денес, рече амбасадорот на САД Кејт Мари Брнз.

-На сите земји им треба пристап до вакцините КОВИД-19 за да се запре пандемијата. Брзото ширење на КОВИД-19 покажа дека ниту една нација не може да дејствува сама против овој глобален предизвик.

Соединетите Американски Држави тесно соработуваат со владата на оваа земја за да го заштитат јавното здравје и да го зајакнат соодветниот одговор во борбата против КОВИД-19.

Со американска помош беа поддржани итните активности на Министерството за здравство за намалување на ширењето на вирусoт, за подготвување на здравствениот систем и заедниците во земјата за ублажување на последиците од КОВИД-19 како и за засилување на важноста и достапноста на точните и навремени информации поврзани со пандемијата.

На глобално ниво, САД досега доделија 2 милијарди долари – од вкупно планираните 4 милијарди долари – на GAVI, Алијансата за вакцини, за поддршка на COVAX, што ги прави САД единствените и најголеми учесници за глобален пристап до вакцините КОВИД-19.