Откако беше во зградата на Националната полиција Борисов објасни дека бил повикан да даде изјави за настани од периодот 2009-2012 година.
– Сите работи беа – некој нешто слушнал, некој нешто зборувал, изјави Борисов по напуштањето на зградата на полицијата.
Неговиот адвокат додаде дека „станува збор за измислици од пред 13 години”.
Пред зградата на полицијата тој беше пресретнат од свои симпатизери кои скандираа во негова поддршка.