Ова го изјави во живо на Фејсбук бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов, коментирајќи го предлогот на „Има таков народ” за премиер, јави дописникот на МИА од Софија.

-Никој не ја оспорува титулата во шах, но тука станува збор за спортски менаџмент и политика, рече Борисов, осврнувајќи се на предлогот на Трифонов за премиер – Антоанета Стефанова. „Целата моја почит кон Антоанета Стефанова, но ако стане премиер, таа ќе оди да го праша пратеникот Слави Трифонов за се. Тие не го сакаа тоа. Ова е голем страв , додаде Борисов.

-Интересно беше да се видат нивните експерти и министри. Со Стефанова ќе треба да разговараме само за шахот , наведе премиерот на Бугарија во оставка.

Борисов коментира дека вкупно над 200 милиони лева ќе бидат потрошени на избори. Наместо овие пари да влезат во економијата и да создадат производ, ќе бараме некој да освои мнозинство.

Бојко Борисов го нарече Слави Трифонов политички плашливец.

-Кукавица е оној кој со 165 пратеници вели дека не му се доволни и сака 240.