Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов смета дека доколку Бугарија стигне до ситуација оваа година да организира и трети парламентарни избори, таа ќе колабира. Тој искоментира дека партиите „Има таков народ“ и ДПС работат заедно, а пред извесно време ја обвини ДПС дека своите гласови ги прелева кон партијата на Слави Трифонов.
На состанокот со сите избрани пратеници од ГЕРБ-СДС, што беше пренесувана во живо на Фејсбук профилот на Борисов и на веб-страницата на партијата, стана јасно дека коалицијата ќе ја номинира Росица Кирова за заменик претседател на 46. Национално собрание.
Десислава Атанасова повторно ќе претседава со парламентарната група на ГЕРБ-СДС, а нејзини заменици ќе бидат Александар Ненков, Тома Биков и лидерот на УДФ Румен Христов.
Според Борисов, од првото заседание на парламентот ќе биде јасно дали ќе има влада, бидејќи индикатор ќе биде изборот на претседател на новоизбраниот бугарски Парламент.