ГЕРБ тоа ќе го стори за време на консултациите за формирање на новата бугарска Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов веста ја објави во живо на својот Фејсбук профил.

Претходно денеска, Борисов од Велико Трново најави дека ќе предложи друг кандидат за бугарски премиер со „нова јасна ориентација кон Европа и НАТО“. Името на Даниел Митов тогаш се појави во голем број бугарски електронски медиуми.

Борисов и се заблагодари на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договорената нова забрзана испорака на 50 милиони дози од вакцината „Фајзер“/ „БиоНТек“, што се очекува да пристигнат во ЕУ во вториот квартал од годината.