Како што пишува „Република.рс“, српски пасош добил Елвис Кељменди, син на Насер кој е еден од најголемите нарко босови на Балканот.

Насер е на црната листа на САД, но тоа не им пречело на српските власти да му издадат пасош на Елвис кој најрегуларно се сликал во Белград за патната исправа.

Елвис во 2016 година беше уапсен во Македонија и неколку месеци беше во ектрадициски притвор. Тој беше баран од Црна Гора.