На местото на „црвено-црните“ ќе застане ППД Загреб, кој беше елиминиран во четвртфиналната фаза. Оваа одлука на извршниот комитет на регионалната лига го коментираше првиот тренер Веселин Вујовиќ.
– Каква срамота. Тие велат дека само Борко е позитивен додека за други седум играчи не поминале 14 дена од втората доза на вакцината, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но тие не ни го овозможија тоа. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но не ни дозволија, изјави Црногорецот.
Вардарци се рекордери во натпреварувањето со пет титули. Последната ја освоија во 2019 година.