„Кралицата, откако ги истегна мускулите на грбот, утрово донесе одлука со големо жалење дека нема да може да присуствува на денешената Недела на сеќавање во Кенотаф. Нејзиното Височество е разочарано што ќе ја пропушти церемонијата“ – соопшти Бакингемската палата.
Вреди да се напомене дека ова е седми пат во текот на нејзините 69 години владеење да не може да им се поклони на хероите. Два пати кралицата отсуствуваше поради тоа што беше во блажена состојба, а четири пати поради патување.
Прославата, како и обично, започна во 11 часот, кога Биг Бен, најизменично со Коњскиот гард, заѕвони 11 пати. Тогаш започна двеминутното молчење во знак на сеќавање на починатите Британци во вооруженте конфликти. Овој дел беше завршен со свечениот звук на трубата.
Потоа членовите на судот положија симболични венци (на споменикот од 1920 година подигнат по повод завршувањето на Првата светска војна) и заедно ја отпеаја државната химна. Во моменталната ситуација песната „Боже чувај ја кралицата“ („God Save the Queen) уште повеќе одекнуваше.
За време на церемонијата во Вајтхол, секако, беа членовите на судот од високито ранг, односно принцот Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер – Боулс, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.