Кина во моментов бележи пораст на бројот на новозаразени лица, а на локацијата на собирање примероци, односно локацијата за тестирање на коронавирусот има робот кој им дава инструкции на луѓето.

„Ве молиме подгответе го вашиот здравствен код и лична карта. Ајде да работиме активно со медицинскиот персонал и брзо заедно да се избориме против епидемијата“, вели роботот.

Роботот „зборува“ на локалниот дијалект, има изглед на млада жена, климнува со главата, прави гестови и ги движи усните.